Wednesday, September 29, 2021
HomeСпортРеал Мадрид стави на продажба уште еден фудбалер

Реал Мадрид стави на продажба уште еден фудбалер

Реал Мадрид е подготвен да го продаде норвешкиот репрезентативец Мартин Одегард доколку пристигне соодветна понуда за него на адресата на клубот.

Мартин Одегард пристигна во Реал на почетокот на 2015 година, а на 23 мај истата година го одигра својот прв натпревар и со тоа стана најмладиот дебитант во историјата на мадридскиот клуб.

Сепак, тој не се разви како што очекуваа во Реал, па од 2017 година до денес беше на позајмица од Реал во Херенвен, Витес, Реал Сосиедад и Арсенал.

Последната половина од годината ја мина во редовите на „Топџиите“, за кои одигра 14 натпревари во Премиер лигата со ефект на гол и две асистенции.

Неговата иднина се уште е неизвесна, Реал го гледа како важен играч, но во исто време се подготвени да го продадат доколку на нивната адреса пристигне понуда вредна 50 милиони евра.

Во следните недели треба да се донесе одлука во врска со неговата иднина, но едно е сигурно – Реал нема намера да го позајми, иако Арсенал би бил многу среќен да ја продолжи соработката со норвешкиот репрезентативец.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img