Wednesday, September 29, 2021
HomeМакедонијаРезолуцијата за Бугарија изгласана во Собранието – ВМРО-ДПМНЕ ја доби поддршката од...

Резолуцијата за Бугарија изгласана во Собранието – ВМРО-ДПМНЕ ја доби поддршката од СДСМ, ДУИ, Алијанса/Алтернатива

„Констатирам дека Собранието ја донесе Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции“, посочи Талат Џафери.

Со 95 пратеници За и еден воздржан пратениците со речиси целосен консензус ја усвоија Резолуцијата за утврдување на државните линии во преговорите за отворените прашања кои ги постави Бугарија. Иако пратеникот од владејачкото мнозинство за кој системот покажа дека гласал воздржано реагираше дека тој гласал За, сепак претседателот на Собранието Талат Џафери ја отфрли оваа реакција и рече дека тој е доволно време пратеник и треба да знае како да гласа. Претходно беше усвоен амандманот за употреба на уставното име Република Македонија бидејќи ВМРО-ДПМНЕ Резолуцијата ја поднесе во скратена форма Република С. (точка) Македонија, за кој пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа против. Во расправата беше дадена целосна поддршка на Резолуцијата. Од ВМРО-ДПМНЕ како нејзин подносител говореше Тимчо Муцунски.

„Македонскиот јазик и идентитет се неприкосновена реалност на нашиот народ. Ова се нашите црвени линии. Ова е тоа преку кое што никој ниту имал ниту ќе има мандат да премине“, посочи Тимчо Муцунски.

Македонскиот јазик и идентитет се меѓународно признаени и нашите позиции се јасно поставени, рече координаторот на СДСМ Јован Митревски.

„За македонскиот идентитет, за македонскиот јазик, македонската посебност, немало, нема и никогаш нема да има преговори Едноставно тоа е така затоа што не може да се преговара за нешто што е неспорен факт“, вели Јован Митревски.

Целосна поддршка имаше и од пратениците на албанските политички партии.

„Сите тие кои мислат дека оваа идеја за соединување на Европа може да ја злоупотребат за реализација на нивните стари империјалистички стремежи многу грешат. Грешат ако мислат дека нивниот проект ќе го претворат во проект за ограничување на минатото“, порача Арбр Адеми.

„Ние сме пред еден документ кој е од исклучителна важност за државата и за сите граѓани. Ставот на нашата држава за евроатлантските интеграции посебно бидејќи сме дел од НАТО и да бидеме дел на Европската унија, ова е став без никаква алтернатива“, вели Скендер Реџепи.

„Никој никому не може да му наметне и каже на која етничка припадност припаѓа, како се вика неговиот јазик и каква историја имал. Уште повеќе, никој од надвор ова не може да го направи“, посочи Кастриот Реџепи.

Како автори на оваа Резолуција се наведени МАНУ, УКИМ и МПЦ во која се наведува дека македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и свој временски континуитет. Македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, јазик и од наративот за припадноста на одреден географски и историски простор. Во преговорите Бугарија го оспорува македонскиот идентитет и тврди дека македонскиот јазик е бугарски дијалект.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img