Wednesday, September 29, 2021
HomeЗдравјеСЗО повика на мораториум на трета доза од вакцините до октомври

СЗО повика на мораториум на трета доза од вакцините до октомври

Светската здравствена организација (СЗО) повика на мораториум за давање на трети, таканаречени „бустер“ дози од вакцините против Ковид-19 барем до крајот на септември за да се овозможи да се вакцинира најмалку под 10 проценти од населението на секоја земја во светот, јавува Ројтерс.

„Разбирам дека сите влади сакаат да ги заштитат своите жители од делта варијантата. Но, не можеме да прифатиме земјите кои веќе ги искористија најголемиот дел од глобално достапните вакцини да ги искористат уште повеќе“, рекол директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрехесус.

Високо развиените држави во мај имаат дадено околу 50 дози на секои 100 жители, а тој број оттогаш се одвоил според податоците на СЗО.

Истовремено, во неразвиените држави, поради недостапност на вакцините, просечно е примена по една и пол доза на секои 100 жители.

За да се спротивстават на ширењето на делта варијантата некои земји започнаа да размислуваат за давање трета доза на вакцините иако и понатаму трае научната дебата околу тоа дали навистина е потребна дополнителна вакцина.

„Фактот дека ние даваме трета доза од вакцините против Ковид-19 на здрави возрасни лица е кусогледо размислување. Со појавата на новите варијанти, ако и понатаму го оставиме најголемиот дел од светот не вакциниран, скоро сигурно ќе ни требаат прилагодени вакцини во иднина“, вели Елин Хофман Дал, медицински советник за заразни болести во Доктори без граници.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img