Wednesday, September 29, 2021
HomeБалканАтика во пламен, пожарот кај Атина надвор од контрола

Атика во пламен, пожарот кај Атина надвор од контрола

Грчката провинција Атика е во пламен, а пожарите сериозно се приближуваат кон северните, густо населени делови на Атина. Пожарникарите гасат оган трет ден по ред.

Противпожарните бригади и армијата што пристигнаа на помош не се во можност да го запрат пожарот што ги зафати северните предградија на Атина и кој стигна до магистралниот пат кон Ламија, каде што сообраќајот беше во прекин.

Ѕид од темен чад се крева над грчката престолнина, жителите бегаат од предградијата, азилантите се евакуираат, а властите предупредија дека следуваат нови пожари додека температурите се одржуваат на околу 40 Целзиусови степени, а се очекуваат силни ветрови.

Евакуирани се повеќе од десет населени места во регионот Варибоби, Агио Стефанос, Капандрити, Полидендри.

Горат куќи, не се знае колку од нив веќе се проголтани од пожарот, доаѓаат нови предупредувања до граѓаните да ги напуштат своите домови и во други населени места, бидејќи се приближува пожар. Ветрот дува посилно, огнот го менува правецот и доколку го премине националниот пат на неколку места, Атина е во голема опасност бидејќи од другата страна на патот се густо населените северни делови на градот.

Додека делови од соседна Турција исто така се во пламен, небото исполнето со чад ги засили апокалиптичните слики од поплавите и пожарите низ цела Европа ова лето.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img