Wednesday, September 29, 2021
HomeБалканПожарите северно од Атина се вон контрола, до сега евакуирани над 600...

Пожарите северно од Атина се вон контрола, до сега евакуирани над 600 села

Илјадници луѓе избегаа ноќеска од своите домови во северниот дел на Атина откако пожарите се проширија на уште неколку предградија, додека пожарникарите веќе четири дена водат тешка битка со огнената стихија, која се доближи до населени области, електрични инсталации и историски локалитети.

На островот Евија, кој е тешко погоден од пожарите, властите организираа голема операција за евакуација на повеќе од 600 луѓе со патролни и приватни бродови.

Во услови кога жешкиот бран не попушта, пожарот голта шумски области 20 километри северно од Атина, уништувајќи уште домови. Неколкумина пожарникари и волонтери се примени во болница со изгореници.

„Поминуваме низ десеттиот ден на голем жежок бран, кој ја погоди целата земја“, изјави генералот на противпожарната служба на Атина, Аристотелис Пападопулос.

Речиси 60 села и населени места се евакуирани вчера и утрово низ јужна Грција, при што се очекува временските прилики да се влошат, бидејќи во поголемиот дел од земјата се најавуваат силни ветрови.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img