Monday, October 25, 2021
HomeАвстралијаАвстралиски војник бил нападнат од крокодил, колега се обидел да му помогне,...

Австралиски војник бил нападнат од крокодил, колега се обидел да му помогне, но не успеал

Австралиски војник се здобил со сериозни повреди на главата и градите откако бил нападнат од крокодил овој викенд, а според австралиските медиуми, крокодилот го гризнал и неговиот колега.

Австралиските медиуми објавија дека двајцата војници, кога биле нападнати, пливале во близина на крајбрежно рибарско село на полуостровот Кејп Јорк, околу 800 километри северно од Кернс.

“Двајца мажи пливаа во водите полни со крокодили. Едниот беше нападнат, другиот се обиде да помогне”, пренесува ABC.

Војник кој дошол на помош на својот колега се здобил со повреди на раката и зглобот, пренесуваат медиумите. Не било јасно што се случило со крокодилот.

Одделот за одбрана за ABC соопштил дека и двајцата биле припадници на војската, но не кажале дали биле на должност кога се случил нападот. Одделот за животна средина во Квинсленд ќе продолжи да го истражува инцидентот, и со тим службеници за диви животни, требало да пристигнат во оддалечената област.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img