Tuesday, August 9, 2022
HomeМакедонијаСтојков: По бугарското вето односите меѓу двете земји не можат да се...

Стојков: По бугарското вето односите меѓу двете земји не можат да се развиваат во добра насока

Нервозата на Софија е токму заради правото на малцинството , смета првиот човек на ОМО Илинден Пирин, Стојко Стојков..Со него разговара Јован Ѓорговски.

,,После ова вето односите не можат да се развиваат добро и тоа вето беше одамна најавено. Тоа беше гарантирано уште во февруари 1998 година кога се потпиша договорот за пријателство со Бугарија. Уште тогаш беше гарантирано со сигурност дека Бугарија како европска членка ќе поставува ултиматуми, ќе ја користи позицијата за да ја уценува Македонија и ќе стави вето. Тоа беше гарантирано уште тогаш за секој кој малку се разбираше во овие работи. За жал, Македонија во тие години некако го прифати несериозно целото ова прашање, целата бугарска намера и отсега од сега натаму мислам дека Македонија ќе се соочи со сериозни проблеми. Но, надежта тука е дека Европа не е задоволна од тоа што го прави Бугарија, не сака втора Грција, вели Стојков

,,Реално Бугарија тоа што го прави е понижување на Европа и има надеж по изборите во Бугарија следната година таа да биде притисната силно за да ја промени својата политика. Сега беше невозможно бидејќи по 50 години планско насадување на националистички ставови против Македонија во Бугарија, практично немаше влада која би можела без голема опасност за себе и за својот опстанок да ја пушти Македонија така да влезе во Европа. Но, по изборите следната година при една по друга конфигурација и еден силен притисок од Европската Унија тоа прашање може да се реши.

,,Ако се изјавувате како Македонец во Бугарија вие сте објект на говор на омраза. Самиот факт што сте Македонец се преведува дека вие сте национален предавник, отстапник, непријател на Бугарија, сепаратист и т.н кое што е нон-сенс, но ете вака се однесуваат со Македонците во Бугарија, рече Стојков во интервјуто за Канал 5.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img