Monday, October 25, 2021
HomeСпортЛудница поради дресот на Меси: Сите распродадени за рекордно време

Лудница поради дресот на Меси: Сите распродадени за рекордно време

Пристигнувањето на Лионел Меси во ПСЖ предизвика целосен хаос меѓу навивачите на парискиот клуб.

Еден од најголемите фудбалери на сите времиња вчера потпиша двегодишен договор со парискиот клуб, а навивачите на овој тим се пресреќни што Лео ќе го носи нивниот дрес.

Фактот дека дресовите што се појавија синоќа во продажбата преку Интернет се целосно распродадени, доволно зборува за лудилото предизвикано од доаѓањето на аргентинската суперѕвезда.

За 30 минути, сите сини дресови со бројот 30 исчезнаа, а за рекордно време од 20 минути, исчезна и гостинската бела варијанта на дресот.

Сигурно е дека ПСЖ ќе добие многу од продажбата на дресови и сувенири со ликот на Меси, а за нив доаѓањето на Лео во клубот е огромна добивка во областа на маркетингот.

Цената на дресот во официјалната продавница на ПСЖ е 108 евра, а некои фанови веднаш одлучија да заработат. Оние кои успеаја да го „грабнат“ дресот, сега го продаваат по многу повисока цени, достигнувајќи неколку илјади евра.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img