Wednesday, September 29, 2021
HomeБалканСловенија ја доби престижната титула за најчиста земја во светот

Словенија ја доби престижната титула за најчиста земја во светот

Словенија, чии 60 проценти од територијата се покриени со шуми, доби меѓународно признание за екологија и одржливост. Оваа држава доби најмногу поени во сите категории и со тоа ја заслужи ласкавата титула.

Утврдено е дека Словенија исполнува 96 од 100 индикатори за одржливост, а меѓу задоволените индикатори се грижата за животната средина и климатските промени, биодиверзитетот, културната автентичност…

Инаку, во 2016 година, Љубљана ја понесе титулата за најзелен град во Европа. Со рециклирање на отпадот, таа е на трето место на листата 10 земји на ОЕЦД со најмногу рециклиран отпад, со воведување на јавни велосипеди, автобуси што користат природен гас и забрана за возење на автомобили во центрите на поголемите градови, успеа да ја намали емисијата на штетни гасови.

Според податоците, во Словенија има 20.000 видови животни и растенија кои непречено живеат во 40 национални паркови и резервати.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img