Monday, October 25, 2021
HomeСпортКој друг ако не Сер Алекс, Ферги утрово му се јавил на...

Кој друг ако не Сер Алекс, Ферги утрово му се јавил на Роналдо и го убедил да се врати во Манчестер јунајтед

Сер Алекс Фергусон имал удел во враќањето на Кристијано Роналдо на Олд Трафорд, Шкотот утрово му се јавил на ЦР7 и го убедил дека треба да го одбие Манчестер Сити.

Денеска се случи голем пресврт кога е во прашање иднината на Кристијано Роналдо, откако се денови се говореше за негов трансфер во Сити и се пишуваше дека тој со една нога е во сината половина на Манчестер, во последен момент пристигна понуда од Манчестер јунајтед и Португалецот се враќа на Олд Трафорд.

Медиумите од Англија пренесуваат дека голема заслуга за ваквиот развој на настаните имал Сер Алекс Фергусон.

Легендарниот Шкот кога разбрал дека Кристијано Роналдо е на пат да потпише за Манчестер Сити, не сакал да го види напаѓачот во дресот на лутиот градски ривал, па утринава му се јавил и го убедил дека треба да се врати дома.

Сер Алекс Фергусон е еден од клучните луѓе во кариерата на Кристијано Роналдо, го ангажираше како тинејџер и го трансформираше во еден од најдобрите фудбалери во светот, ЦР7 го цени многу и го смета за татко.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img