Monday, October 25, 2021
HomeСпортРуни: Оле знае што треба да следува по доаѓањето на Роналдо во...

Руни: Оле знае што треба да следува по доаѓањето на Роналдо во Манчестер

Пред да биде потврден трансферот на Роналдо во Манчестер Јунајтед, неговиот некогашен соиграч од Јунајтед, Вејн Руни, во изјава за англиските медиуми, потенцира дека не верува дека КР7 ќе заигра за Сити, па тоа и се оствари.

Веднаш потоа беше потврдено доаѓањето на Роналдо на „Олд Трафорд“, а сега Вејн Руни даде коментар и за овој возбудлив трансфер.

„Кристијано е се уште еден од најдобрите играчи во светот кој што освојува титули насекаде, така да овој потег ќе биде голем за клубот. Тој и понатаму сака да остане меѓу најдобрите и јас сум сигурен дека ќе има сериозно влијание врз екипата оваа сезона“.

Поранешниот фудбалер на Јунајтед верува дека овој трансфер мора да се преточи во освојување на титули од оваа сезона.

„Оле сигурно ќе знае дека е во позиција која што ја посакуваше претходните години, така да ќе мора да почне да освојува титули. За развивањето на оваа помлада екипа, првиот човек е да почнете да освојувате трофеи“, порача Вејн Руни.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img