Monday, October 25, 2021
HomeСпортДоколку веќе го ослободија Гризман ова лето, следното треба да се случи...

Доколку веќе го ослободија Гризман ова лето, следното треба да се случи „трансфер бомба!“

За поголемиот дел од трансфер пазарот, но и за навивачите, беше изненадување вчерашниот потег на Барселона и Атлетико, позајмицата на Антоан Гризман.

Човекот кој пред две лета ја засили Барселона во трансфер вреден 120 милиони евра, во новата сезона ќе биде играч на Атлетико Мадрид.

Но таквиот редослед на настани за новинарот од Каталонија (пишува за СПОРТ), Алберто Роге, заминувањето на Гризман и доаѓањето на позајмица на Де Јонг, има една јасна цел, а тоа е следното лето дека Барса ќе се обиде со сите сили да го ангажира Халанд.

„Доколку веќе го ослободија Гризман во Атлетико и го заменија со евтина варијанта од типот на Лука Де Јонг, тогаш една работа ми паѓа на памет за идното лето, а тоа е дека Барселона ќе тргне по Халанд како големо засилување“, тврди Роге.

За Халанд и ова лето беа заинтересирани повеќе екипи, најмногу Челси, но откако не најдоа заеднички јазик со управата на Дортмунд, Челси се насочи на Лукаку, кој подоцна го ангажираа, а Халанд остана во Германија.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img