Monday, October 25, 2021
HomeСпортЛукаку: Челзи беше единствениот клуб поради кој сакав да го напуштам Интер

Лукаку: Челзи беше единствениот клуб поради кој сакав да го напуштам Интер

Ромелу Лукаку призна деак побарал од Интер да го пуштат во Челзи, што на крајот и се случи.

Белгискиот напаѓач за 115 милиони евра пристигна на „Стемфорд Бриџ“, каде веќе претходно престојуваше. Ова е негово второ доаѓање во Лондон, бидејќи со „Сините“ имаше договор од 2011 до 2014 година, но поголемиот дел од тоа време го поминуваше на позајмици во ВБА и Евертон.

За Челзи одигра само 15 натпревари, но не постигна ниту еден гол. Лондонскиот клуб по позајмицата го продаде во Евертон од каде во 2017 година прејде во Манчестер Јунајтед. По две години на „Олд Трафорд“ заврши во Интер во 2019 година, каде имаше две одлични сезони.

Кога му се пружи шанса да се врати во Челзи, не сакаше да чека, туку на луѓето во клубот им порачал дека го сака тој трансфер.

„Кога пристигна третата понуда од Челзи, знаев дека е сериозна и моите мисли веќе не беа во Интер. Челзи нудеше 110 милиони евра и Запакоста, но Интер одби. Тогаш заминав кај тренерот Инзаги и побарав да се договорат. Бев во Интер, но мојата глава веќе беше во Лондон. Интер ме извлече од го*на и ќе го напуштев единствено поради Челзи“, изјави Лукаку, кој уште од мали нозе е голем навивач на „Сините“ од Лондон.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img