Monday, October 25, 2021
HomeПопуларноТони Блер: Исламизмот е безбедносна закана од прв ред

Тони Блер: Исламизмот е безбедносна закана од прв ред

Поранешниот британски премиер Тони Блер, на собир пред годишнината од нападите во САД, изјави дека исламизмот останува безбедносна закана од „прв ред“ и Западот би требало да се подготви за тоа екстремистичките групи потенцијално да користат биолошко оружје.

Талибанците во август ја преземаа власт во Авганистан откако Соединетите Американски Држави ги повлекоа своите војници по 20 години војна, а Британија стравува дека враќањето на таа група и празнината создадена од хаотичното повлекување на Американците, ќе им овозможи на милитантите на Ал каеда и Исламска држава таму да создадат упориште.

„Исламизмот, и идеологијата и насилството, е безбедносна закана од прв ред и без контрола ќе дојде до нас, дури и ако е насочена далеку од нас, како што тоа се покажа на 11 септември“, кажа Блер во својот говор.

Блер истакна дека Западот мора да ја процени својата ранливост.

„Ковид-19 нè научи за смртоносните патогени. Можноста за биотероризам сега може да изгледа како област на научната фантастика. Но сега би било мудро да се подготвиме на тоа дека потенцијално може да ги употребат недржавни актери“, кажа Блер.

Поранешниот премиер, кој испрати британски војници во Авганистан во 2001, кажа дека Британија требало потесно да соработува со европските земји на тоа како најдобро да се развијат капацитети за соочување со заканата во областите како африканскиот регион Сахел.

„Антитероризмот нема сам по себе да ја отстрани вкоренетата закана“, кажа Блер. „Ни требаат чизми на терен. Нормално дека преферираме чизмите да се локални, но тоа нема секогаш да биде возможно“.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img