Monday, October 25, 2021
HomeПопуларноСАД од Авганистан по копно извлекле четворица американски државјани

САД од Авганистан по копно извлекле четворица американски државјани

Соединетите држави евакуирале четворица американски државјани во соседна земја на Авганистан, објави денеска Стејт департментот за првата американска евакуација по копно по повлекувањето на војниците на 31 август.

Околу 124.000 луѓе биле евакуирани минатиот месец од Кабул преку аеродромот, откако талибанците ја презедоа власта.

Американските власти објавија дека во Авганистан останале уште стотина други американски државјани кои сакаат да ја напуштат оваа азиска земја.

“Дозволивме четворица американски државјани да го напуштат Авганистан по копно. Нашата амбасада ги пречека Американците кога ја преминаа границата со трета земја”, рече официјалниот претставник, без да даде детали.

Конгресменот Рони Џексон објави дека четирите лица се од неговата област Тексас, пишувајќи на Твитер дека го напуштиле Авганистан по „две недели и неколку обиди опасни по живот“.

Со заминувањето на американската војска, запирањето на евакуацијата по воздухот и отсуството на комерцијални летови со избегнување на аеродромот во Кабул, илјадници Авганистанци се обидуваат да ја напуштат земјата по копно во соседните земји – Пакистан, Таџикистан, Узбекистан, Туркменистан и Иран.

Стејт департментот вчера објави декларација од околу 100 држави кои изразиле посветеност да им помогнат на Авганистанците да ја напуштат својата татковина. Авганистан нема соседни земји меѓу потписниците.

Таџикистан се согласил да прифати 100.000 бегалци, а Узбекистан да биде транзитна земја за Американците и можните други граѓани. Се уште не е познато колку луѓе, доколку ги има, ги пуштиле тие земји на нивна територија.

Пакистан, дом на околу 1,4 милиони авганистански бегалци, прифатил 2.000 Авганистанци кои работат во странски мисии, меѓународни институции и невладини организации, давајќи им транзитни визи за еден месец, изјавил неименуван дипломатски извор.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img