Monday, October 25, 2021
HomeМакедонијаЗаев: Не знам зошто Кичеец патувал со тие луѓе, 30 дена му...

Заев: Не знам зошто Кичеец патувал со тие луѓе, 30 дена му е прекината затворската казна поради стрес

Премиерот Заев разговарал со директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски за тоа како Зоран Милевски Кичеец се нашол на слобода. Тој бил уверен од Спасовски дека Кичеец имал комплетна медицинска документација за проблеми со срцето, за што и му биле дадени 30 дена за лекување. Но Кичеец и покрај како што се тврди неповолната здравствена состојба, се возел со џипот Мерцедес заедно со уште двајца српски државјани.

„Јас не знам зошто патувал кон Скопје и зошто со тие луѓе, треба да прашате, зашто ако е здравствена документација може да оди до болница може да оди до главниот град со било какви причини, но дефинитивно тоа е согласно закон, тоа е право кое што му следува на секој издржувач на казна. Имаат право на годишен одмор, имаат право на викенд, имаат право на лекување и со одреден прекин на казните и слично сето тоа е дозволено со законите во нашата земја“, рече Заев.

Министерот за правда Бојан Маричиќ дополни дека ваквата поволност била со согласност и на директорот на Управата за извршување санкции и дека ова не е прв ваков случај.

„Ова не е прв ниту последен затвореник кој што ги користел овие погодности врз база на оправдана медицинска документација и е согласно законот и претходно одобрение и на директорот на затворот каде што ја издржува казната и на директорот на Управата за санкции.“, вели Маричиќ.

Од Управата за извршување санкции преку соопштение информираат дека во барањето за прекин на издржување на казната биле наведени и претходно извршени специјалистички прегледи во охридската болница. А отпустот му завршувал во четврток.

„Во специјалистичките извештаи е наведено дека пациентот се јавил на преглед поради чувство на забрзана срцева работа и градна болка. Дијагнозата за која специјалистот навел дека е потребно да се продолжат медицински иследувања е „суправентрикуларна тахикардија“ и индицирани и закажани се ехокардиографија, колор доплер, сонографија и каротидни артерии, а препишана е и соодветна медикаментна терапија“, велат од Управата за извршување на санкции.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека фактот што Кичеец бил на слобода било со амин од Заев.

„Власта на Заев дозволува лица осудени за криминал наместо во затвор да хараат низ Македонија. Последниот случај со осудениот за Рекет кој наместо на отслужување на казна учествуваше во сообраќајна несреќа со фатални последици, само покажува дека во Макеадонија со Заев нема право. И не е само тој, десетици други робијаши се на слобода. Заев наредува, судот ги ослободува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Кичеец во саботата додека возеше џип мерцедес учествуваше во сообраќајна несреќа во кој едно лице загина а деветмина се повредени. Тој е на издржување на тригодишната затворска казна за случајот Рекет во кој се осудени уште и Катица Јанева и Боки 13.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img