Monday, October 25, 2021
HomeМакедонијаБрегу: Македонија прва ја спроведе „Гаранцијата за млади“

Брегу: Македонија прва ја спроведе „Гаранцијата за млади“

Македонија е пример како може да се помогне да се намали невработеноста на младите на Западен Балкан, спроведувајќи ја прва програмата „Гаранција за млади“, изјави генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РСС) Мајлинда Брегу.

-Невработеноста на младите во сите шест земји од Западен Балкан во 2020 година изнесуваше 35,1 отсто, во споредба со Европската унија, каде тој процент е 16,8 отсто. Само ако препознеме дека е ова голем проблем можеме да го решиме, а во тоа може да ни помогне и програмата Гаранција за млади, за што и честитам на Македонија, која прва ја спроведе, рече Брегу на првата годишна конференција „Економско закрепнување и раст по Ковид“.

Таа најви дека РСС ќе покрене Регионална коалиција за работни места и вештини со која ќе се обезбедат работни места, а способни млади луѓе ќе останата во регионот. „То е еден од конкретните примери како да направиме исчекор по прашањето за регионалната мобилност. Тоа е начин на кој младите луѓе ќе ги задржиме во регионот“, додаде Брегу.

Генералната секретарка, како што соопшти синоќа РСС, наведува дека „и натаму постои голем интерес од младите да останат во регионот и тоа е наша предност“.

-Тие се нашиот најголем ресурс. Тие се придвижувачи на регионалната соработка и пристапување кон Европската унија, бидејќи ги гледаат можностите и не се оптоварени со судирите од претходните генерации, истакна Брегу на конференцијата што втор ден се одржува во Скопје.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img