Monday, October 25, 2021
HomeСпортНикако да победиме: Македонија испушти шанса да се качи на второто место

Никако да победиме: Македонија испушти шанса да се качи на второто место

Македонската фудбалска репрезентација го забележа и третиот последователен нерешен резултат во квалификациите за Светското првенство во Катар.

Иако беше многу подобар ривал, нашиот национален тим не успеа да го најде патот до голот на Романците и натпреварот заврши без голови (0-0). Повторно затаи нападот, како против Ерменија минатата недела и втор меч по ред на домашен терен не успеавме да ја затресеме противничката мрежа.

Со тоа не ја искористивме можноста која ни ја овозможи Лихтенштајн со нерешениот резултат против Ерменија. Со победа, Македонија можеше да дојде до второто место на табелата во својата група, но вака остана четвртопласирана со девет бода од шест натпревари.
Интересно е тоа што се наоѓаме во серија од пет победи, нешто што не ни се случило во квалификации за европско или светско првенство, а сепак сме далеку од врвот. Во октомври гостуваме кај Лихтенштајн и ја пречекуваме Германија, а во ноември престојат дуелите со Ерменија на гости и Исланд на домашен терен.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img