Monday, October 25, 2021
HomeПопуларноМеркел преку Белград до Тирана, на проштална средба со Западниот Балкан

Меркел преку Белград до Тирана, на проштална средба со Западниот Балкан

Кусо пред крајот на нејзиниот мандат, германската канцеларка Ангела Меркел уште еднаш ќе се сретне со лидерите од земјите на Западниот Балкан.

Приближувањето на земјите од Западниот Балкан кон ЕУ и економски теми ќе преовладуваат на средбата на канцеларката Ангела Меркел со лидерите на шесте земји од регионот во вторник во Тирана. На самиот крај на својот мандат, Меркел одлучи уште еднаш да му посвети внимание на регионот откако во 2014 година ги иницираше годишните самити на ЕУ со Западниот Балкан, како и Берлинскиот процес.

Во понеделник Меркел најпрво ќе отпатува во Белград каде ќе има средба со претседателот Александар Вучиќ, а потоа и со претставници на граѓанското општество од шесте земји. Посетата ќе продолжи во вторник во Тирана, најпрво со тет-а-тет средба со албанскиот премиер Еди Рама, а потоа и со заеднички ручек со сите шест шефови на држави и влади. Пред заминување, германската канцеларка планира билатерални средби и со првите луѓе на Северна Македонија, БиХ, Косово и Црна Гора. Двата дена се предвидени и прес-конференции.

Целта на посетата на Меркел, според портпаролката на германската влада е да даде конкретен придонес за стабилноста на регионот и да ги поттикне лидерите на дијалог.

Последен пат Меркел се сретна со лидерите на шесте западнобалкански земји во јули годинава. Тогаш таа оцени дека во последните 16 години откако е германски канцелар, во регионот имало и добри и лоши моменти. Генералната оценка на Меркел беше дека во последните 7 години, од почетокот на ткн. Берлински процес, имало успеси, но и дека останува доста да се сработи во делот на борбата против корупцијата.

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img