Wednesday, September 29, 2021
HomeМакедонијаТрагедија во Тетово: Најмалку 10 жртви во пожарот во болницата, се утврдуваат...

Трагедија во Тетово: Најмалку 10 жртви во пожарот во болницата, се утврдуваат причините

Пожарот кој ја зафати модуларната ковид-болница во Тетово вечерва е изгаснат, а причините за трагедијата во која загинаа најмалку 10 луѓе ги истражува обвинителството.

Најмалку 10 луѓе загинаа, а непознат број се повредени во пожарот кој го зафати ковид-одделението на тетовската болница. Пожарот избувнал околу 21 часот, по што следувале и неколку експлозии, веројатно предизвикани од боците за кислород. Во модуларната болница во тој момент имало 24 пациенти болни од ковид и непознат број медицински лица. Веднаш реагирале пожарникарските служби кои дошле на местото со седум возила, но не успеале да ја спасат болницата од целосно уништување.

Пожарникарите велат дека пожарот се ширел со огромна брзина и се прелевал од една просторија во друга, а тие биле немоќни да го запрат.

Од фотографиите може да се види дека модуларната болница која беше пуштена во употреба во април годинава, не е останато ништо.

Во Тетово веднаш се упатија премиерот Зоран Заев и министрите за здравство и внатрешни работи Венко Филипче и Оливер Спасовски. Формиран е кризен штаб, но никој вечерва не ги коментираше причините за несреќата, вклучително и градоначалничката Теута Арифи.

„Во Тетово се случи несреќа која однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, изразувам најдлабоко сочуство до семејствата“, соопшти министерот Филипче.
За денеска во 10 часот е закажана и вонредна владина седница на која ќе се расправа за трагедијата.

На терен се експерти на МВР и обвинители од Скопје и Тетово кои ги истражуваат причините за несреќата.

Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Заев им изразија сочуство на семејствата на загинатите и им посакаа брзо опоравување на повредените. Сочуство на жртвите им изрази и албанскиот претседател Илир Мета.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img