Wednesday, September 29, 2021
HomeМакедонијаВлада: Во тек е детална истрага, бројката на жртви може да порасне

Влада: Во тек е детална истрага, бројката на жртви може да порасне

Вечерва во тетовскиот ковид-центар се случи огромна трагедија во која поради експлозија и пожар има десет жртви, а оваа бројка може да порасне, велат од Владата
Пожарот во Ковид-центарот во Тетово е изгаснат, лекарите се борат за живот плус, а во тек е детална истрага, соопштија од владата по вечерашната трагедија во која беа загубени најмалку десет човечки животи.

Владиното соопштение следува откако имаше итен кризен штаб кој се одржа во Тетово и во истото од Владата наведуваат дека бројката на жртви може да порасне.

„Вечерва во тетовскиот ковид-центар се случи огромна трагедија во која поради експлозија и пожар има десет жртви, а оваа бројка може да порасне. Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, пожарот е изгаснат, а во тек е акција на здравствените служби за спасување на секој загрозен живот. Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакува брзо закрепнување на повредените“, пишува во владиното соопштение.

Од Владата најавуваат дека за утре во 10 часот е закажана и итна и вонредна седница посветена на решавањето на трагедијата во Тетово.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img