Tuesday, January 26, 2021
Home Технологија Успешно е лансиран сателит за следење на океаните

Успешно е лансиран сателит за следење на океаните

Сателитот Sentinel 6 Michael Freilich, кој би требало да ги набљудува и мапира океаните на Земјата, успешно е лансиран во вселената.

Полетал вчераутро од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија.

Сателитот треба точно да ги измери промените на нивото на морето што се сметаат за сериозна последица на климатските промени. Мисијата е дизајнирана како соработка помеѓу НАСА, Европската вселенска агенција (ЕСА), Европската агенција за метеоролошки сателити, Еуметсат и Управата за метеорологија и океанографија на САД, НОАА.

Со сателитот ќе се управува од центарот на Еуметсат во Дармштат, Германија, како дел од програмата за набљудување „ Copernicus Earth“.

Лансирањето првично било планирано порано, но морало да се одложи поради дополнителен преглед на ракетниот мотор.

Сентинел 6 е првиот од двата идентични сателити лансирани во вселената. Името го добил по неодамна починатиот Мајкл Х. Фрејлих, поранешен директор на Одделот за наука во НАСА.

Популарно