Wednesday, September 29, 2021
HomeСпортНикој не сака да ја гледа Барса: „Каталонците“ не можат да пополнат...

Никој не сака да ја гледа Барса: „Каталонците“ не можат да пополнат ни 40% од билетите за Баерн

Вчера беше последен ден за аплицирање за билети за натпреварот меѓу Барселона и Баерн, во првото коло од Лигата на шампионите, дуел кој се игра идната недела.

Според законите во Каталонија, стадионите можат да бидат исполнети со 40% од вкупниот капацитет, односно Барселона можеше да продаде околу 40 илјади билети. Планирано беше тие да бидат продавани со лотарија бидејќи се очекуваше да има инвазија од нарачки од членовите на клубот и од другите заинтересирани.

Изненадување е тоа што стигнале нарачки за само 31.213 билети што значи дека останале 8.800 слободни влезници за натпреварот за кои уште не се знае дали ќе бидат пуштени во дополнителна продажба.

По заминувањето на Лионел Меси, Барса стана апсолутно неатрактивен клуб, проблеми при продажбата имаше и за дуелот со Гетафе во последното коло од Ла Лига, а веројатно така ќе остане и до крајот на сезоната, со оглед на тоа што си заминаа речиси сите ѕвезди.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img