Wednesday, September 29, 2021
HomeМакедонијаМинистерот Филипче и заменик-министерот Хасани поднесоа оставки

Министерот Филипче и заменик-министерот Хасани поднесоа оставки

Министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот за здравство Илир Хасани поднесоа оставки од функциите, по катастрофалниот пожар во ковид центарот во Тетовската болница во кој загинаа 14 лица.

„Пред година и пол го регистриравме првиот ковид случај, до денес стоев одговорно и транспарентно пред граѓаните, никогаш не бегав од критика, никогаш не бегав од одговор, не се откажав од битката да ја победиме пандемијата. Многу ме погоди трагедијата во Тетово, многу сочувствувам со семејствата. Како лекар и како министер имам интегритет, и затоа денес од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев“, рече Филипче во обраќањето до јавноста од Владата.

И заменик министерот Хасани објави дека во овие тешки моменти за сите нас, поднесува оставка како највисок морален чин.

„И покрај фактот дека немам никаква врска со процедурите за формирање модуларна болница, иако немам никаква врска со организацискиот дел, оставката е најмалиот чин што можам да го направам во моментов, да ги почитувам жртвите, повредените, јавноста и себеси. Нема ништо над достоинството!“, напишана Хасани на Фејсбук.

Ковид-центарот во Тетово целосно изгоре за три минути на 8 септември вечерта, при што загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти и двајца роднини.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img