Wednesday, September 29, 2021
HomeСпортИбра е фудбалски дијамант: Се стави во ист ранг со Меси и...

Ибра е фудбалски дијамант: Се стави во ист ранг со Меси и Роналдо

Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ се смета за еден од најголемите фудбалери во историјата на фудбалот и својата генерација.

Зборувајки за „Франс Фудбал“, истакна дека не мисли за себе дека е најдобар во светот, но дека е еден од подобрите сигурно.

„Ако зборуваме за квалитетите, не е дека јас ги имам помалку од Роналдо и Меси, погледнете ги и трофеите, да, јас не ја освоив ЛШ, но имам многу. Не знам како би пресметале кој е најдобар. Јас не сум опседнат со тоа, но индивидуалниот квалитет доаѓа откако ќе стекнете колективен“.

„Златната топка не ја освоив и навистина ми е жал поради тоа. Длабоко во себе знам дека сум еден од најдобрите во светот. Не мислам дека е релевантно да се споредуваат играчите меѓусебно. Секој има своја приказна и треба да ја следи, условите се различни“, истакна 39 годишниот Ибрахимовиќ.

Тој во богатата кариера настапуваше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Јунајтед, ЛА Галакси и сега е се уште во Милан.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img