Wednesday, September 29, 2021
HomeМакедонијаСтевчо Јакимовски: Различна е мојата ситуација со онаа на Максим Димитриевски

Стевчо Јакимовски: Различна е мојата ситуација со онаа на Максим Димитриевски

Стевчо Јакимовски, претседателот на ГРОМ, во дневникот на „Сител“ рече дека неговото со исклучувањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, од СДСМ се две сосема различни ситуации.

СДСМ најави исклучување на Димитриевски од партијата откако тој реши да оди самостојно како независен кандидат на локалните избори во октомври, а во меѓувреме неговата партија номинираше друг кандидат. Јакимовски беше исклучен од СДСМ во 2013 како тогашен градоначалник на Карпош.

– Јас бев исклучен само поради тоа што не ја прифатив одлуката на Бранко Црвенковски да се бојкотираат локалните избори, а потоа излезе дека нема да се бојкотираат. Никаде во светот не се бојкотираат локални избори. Пред една година Еди Рама направи локални избори во Албанија со 24 отсто излезеност. Ситуацијата со Димитриевски е различна. Тој е исклучен затоа што партијата одлучи да оди со друг кандидат, рече Јакимовски.

Поранешниот градоначалник на Карпош очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ која има свој кандидат за Карпош – докторот Оливер Зафировски. Вели дека коалицијата на ГРОМ со најголемата опозициска партија останува.

„Коалицијата функционира, одлуката е во Карпош да одиме посебно. Ние врз основа на сондажата на терен и шесте анкети знаеме дека граѓаните не се задоволни од актуелното раководство со преку 60 отсто. Општината Карпош е единствената каде со свој кандидат и со своја листа оди ГРОМ. Секаде каде што сметаме ќе ги поддржиме ВМРО-ДПМНЕ, особено каде што ГРОМ учествува на тие листи со свои кандидати за носители. Истовремено очекувам поддршка од ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг.

Не може лица недоволно искусни да се фатат во костец со оваа функција, треба искуство и знаење и менаџерски способности. Ако ниту еден проблем во животот не сте решиле, како ќе ги решавате проблемите на граѓаните“, вели тој за актуелното раководење со општината.

Тој доколку победи најави менување на стари лифтови, азбестни кровови и дека ќе има место за 800 деца кои се на листа на чекање за запишување во градинките.

„Никој не го полева постоечкото зеленило, Карпош е како степа, а се зборува само за ново зеленило. Ќе ископаме 15 бунари со кои ќе го наводнуваме зеленилото. Ширењето на Карпош ќе продолжи на левата страна од Вардар, каде урбанистички ќе се развива, најави Јакимовски.

Најави и подземно гаражирање ва околината на Лептокарија и 12-13 милиони евра за фасадите во Карпош. Три катни гаражи најави и во Карпош 1 со еден подземен и два надземни ката.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img