Wednesday, September 29, 2021
HomeПопуларноОбјавена снимка од водачот на Ал каеда, се шпекулира дали сепак е...

Објавена снимка од водачот на Ал каеда, се шпекулира дали сепак е жив

Во нова видеоснимка, која е објавена по повод 20-годишнината од терористичкиот напад врз кулите близначки на 11 септември, се појави и лидерот на Ал каеда, Ајман ал Завахри, неколку месеци по непроверените информации за неговата смрт.

Разузнавачката група СИТЕ, која ги следи активностите на џихадистите на интернет, соопшти дека видеото е објавено во саботата, пренесува агенцијата АП.

Видеото го прикажува Ел Завахри, кој вели дека „Ерусалим никогаш нема да се претвори во еврејски“, и ги фали нападите на Ал каеда, вклучувајќи ги и оние што беа цел на руските војници во Сирија во јануари.

Според СИТЕ, Ел Завахри го споменал повлекувањето на американската армија од Авганистан по 20 години војна.

Неговите коментари, сепак, не мора да укажуваат дека ова е неодамнешна снимка, бидејќи договорот за повлекување на војниците со талибанците беше потпишан во февруари 2020 година, според СИТЕ.

Групата наведува дека исто така никаде не се слуша дека Ел Завахри споменува дека талибанците го презеле Авганистан и главниот град Кабул минатиот месец.

Гласините дека лидерот на Ал каеда починал се појавија на крајот на 2020 година, и оттогаш до оваа сабота, не се појави видеозапис или доказ дека е жив.

Египќанецот Ел Завахри стана лидер на Ал каеда во 2011 година, по убиството на Осама бин Ладен.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img