Wednesday, September 29, 2021
HomeМакедонијаЗаев, Димитров и Османи утре на средба со Меркел во Тирана

Заев, Димитров и Османи утре на средба со Меркел во Тирана

Во рамките на оваа еднодневна работна посета, премиерот Заев ќе го посети и Македонскиот културен центар во Тирана
Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи владината делегација во еднодневна работна посета на Тирана каде ќе се остварат средби со канцеларката на Германија, Ангела Меркел, и лидерите на Западен Балкан.

Како што информираат од владината прес-служба, утрешната работна посета во Тирана е на покана на Меркел.

„Согласно агендата, во текот на попладнето претседателот на Владата Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе имаат билатерална средба со канцеларката Меркел“, се наведува во владиното соопштение.

Во рамките на оваа еднодневна работна посета, премиерот Заев ќе го посети и Македонскиот културен центар во Тирана.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img