Monday, October 25, 2021
HomeМакедонијаПеколното трио не функционира: Згреши ли Меси?

Пеколното трио не функционира: Згреши ли Меси?

Третина од мечот против Ремс и 90 минути против Бриж покажаа дека на Лионел Меси ќе му треба време да се навикне на стилот на играта на ПСЖ.

Иако „светците“ се полни со мега-ѕвезди, засега тие не фунционираат според очекуваното и не можат да го извадат најдоброто од себе. Вечерва не успеаја да го победат Бриж кој е аутсајдер во групата каде се уште Манчестер Сити и Лајпциг, но најлошо од се е што ПСЖ немаше игра.

Нејмар делува индолентно, како и секогаш, Мбапе се повреди, а Икарди беше очаен, додека Меси е како вишок во овој состав. Работи што ги правеше во Барселона, сега не успева, а најчудно е тоа што не поминуваат додавањата меѓу него, Нејмар и Мбапе. ПСЖ има релативно слаб среден ред, особено кога не играат Марко Верати и Анхел ди Марија, па Аргентинецот мора да се враќа и тој да ги почнува акциите, нешто слично како во Барселона по заминувањето на Чави и Иниеста. Во таква улога, тој е малку продуктивен и речиси безопасен за противничкиот гол.

Иако е уште рано и по два натпревара не можат да се носат заклучоци, се поставува прашањето дали Меси погреши со тоа што си замина од Барса и се пресели во ПСЖ. Можеби играњето со други суперстарови е предизвик, но во ПСЖ очигледно нешто не е во ред на почетокот од сезоната.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img