Monday, October 25, 2021
HomeЗдравјеКуба ќе побара од СЗО да ги одобри трите нејзини вакцини против...

Куба ќе побара од СЗО да ги одобри трите нејзини вакцини против ковид

Процесот на вакцинација во Куба се одвива многу брзо со кубанските вакцини „Абдала“, „Соберана-2“ и „Соберана плус“, кои се одобрени за употреба од локалните регулатори
Куба утре ќе побара одобрување од Светската здравствена организација за три вакцини против ковид-19, објави државната корпорација што ги произведува.

Во дискусијата што ја објавија државните медиуми за кампањата за вакцинација, Роландо Перез Родригез, директор за истражување и развој на „БиоКубаФарма“ изјавии дека целта е да се вакцинираат повеќе од 90 проценти од населението до ноември.

„Некои контакти веќе се остварија во Хавана со канцеларијата во Женева. Постапката и консултациите започнуваат сега, со цел да се оцени доставената документација“,

рече Перез.
Процесот на вакцинација во Куба се одвива многу брзо со кубанските вакцини „Абдала“, „Соберана-2“ и „Соберана плус“, кои се одобрени за употреба од локалните регулатори.

Повеќе од 65 проценти од Кубанците примиле барем една доза, а 37 проценти се целосно вакцинирани со три дози, според Министерството за здравство.

Куба е единствената карипска земја која развил сопствени вакцини против коронавирус.

Тој тврди дека вакцините се 90 проценти ефикасни, а првите резултати се слични со резултатите од другите вакцини во светот. Според кубанските власти, вакцините значително го намалуваат ширењето на инфекцијата, тешките болести и смртта, иако овие резултати се уште не се потврдени од СЗО.

Од утре се очекува да започне процесот за вакцинација и на децата под две години, изјави претставничката на Министерството за јавно здравје, Марија Елена Сото, според која Куба е прва во светот што вакцинираат деца помали од шест години.

Вакцините се базирани на традиционална технологија која се користи за деца со децении, посочува производителот.

Во претходната недела, Куба имаше околу 7 500 заразени луѓе дневно и речиси 80 смртни случаи, значително помалку од пред еден месец. Сепак, тоа е се уште една од највисоките стапки во светот во однос на бројот на заразени на 100 000 жители. Околу 20 проценти од случаите се пријавени кај оние под 20 години.

Кубанските власти се надеваат дека ќе ја стават ситуацијата под контрола до почетокот на туристичката сезона во ноември, како и извоз на вакцини.

„Соберана-2“ веќе се произведува во Иран, а Виетнам рече дека може да ја произведе „Абдала“, а и Мексико исто така изрази подготвеност да ги произведе.

Куба може да произведува 100 милиони дози вакцини годишно, од кои најмалку 30 милиони ќе бидат потребни за сопствените граѓани.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img