Monday, October 25, 2021
HomeБалканБугарија на 14 ноември оди на трети парламентарни избори оваа година

Бугарија на 14 ноември оди на трети парламентарни избори оваа година

Бугарскиот претседател Румен Радев ги распиша третите парламентарни избори оваа година, кои ќе се одржат на 14 ноември, откако неизвесните избори во април и јули не резултираа со формирање влада.

Радев, кој на истиот датум ќе се бори за нов претседателски мандат, ќе го распушти парламентот и ќе назначи нов привремен премиер утре.

Општото незадоволство и честите протести против корупција во најсиромашната членка на Европска Унија придонесоа за завршување на речиси еднодецениското владеење на Бојко Борисов, но расправиите и ривалствата помеѓу партиите во расцепканиот парламент спречија да се обезбеди мнозинство за формирање влада по претходните избори оваа година.

Се очекува Стефан Јанев да остане привремен премиер, додека Радев вели дека главната цел е повторно градење доверба во институциите.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img