Monday, October 25, 2021
HomeМакедонијаСела најавува победа на Арсовска во Скопје на локалните избори

Села најавува победа на Арсовска во Скопје на локалните избори

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вечерва во новата сезона на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, најави дека Скопје ќе го добие токму неговата коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

„На Скопје му треба промена. И промена ќе има. Независниот кандидат поддржан од опозицискиот блок, Данела Арсовска со наша поддршка ќе биде нов градоначалник“, рече Села.

Додава дека коалицијата е заинтересирана како што вели тој да ги реши проблемите на граѓаните во Скопје.

„Ние сме многу заинтересирани да ги решиме проблемите на граѓаните на Скопје. Ние сакаме да инвестираме во Чаир и во делови каде што живеат Албанци“, додаде Села.

Инаку Арсовска е независен кандидат за градоначалник на Град Скопје, кој е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со Алијанса за Албанците.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img