Monday, October 25, 2021
HomeБалкан„Галуп“ со анкета во Бугарија: ГЕРБ е прв, „Има таков народ“ падна...

„Галуп“ со анкета во Бугарија: ГЕРБ е прв, „Има таков народ“ падна на четвртото место

Претседателот Радев ги закажа претседателските и парламентарните избори за 14 ноември откако по парламентарните избори во јули пропаднаа трите обиди за формирање влада
Според најновата анкета на „Галуп“, доколку изборите за Националното собрание на Бугарија би се одржале сега коалицијата предводена од ГЕРБ на Борисов би добила 22,5 отсто од гласовите, а БСП – 16,1 отсто, „Демократска Бугарија“ е трета со 15,8%, „Има таков народ“ на Слави Трифонов е четврта со 15,5%, по што следуваат партијата на Турците-Движењето за права и слободи со 11,9%, а последни што би го исполниле цензусот е „Стани, Бугарија! Доаѓаме!“ со 4,8%.

Истражувањето е спроведено од 2 до 10 септември, „лице в лице“, на примерок од 1 007 граѓани.

Бугарските медиуми посочуваат дека истражувањето е спроведено пред поранешните привремени министри Кирил Петков и Асен Василев да ги објават своите намери да се кандидираат на изборите. Двајцата се меѓу политичките фигури во Бугарија со личен рејтинг со најбрз раст.

Исто така, се посочува и рејтингот на Бојко Борисов, на пример, кој според оваа анкета има поддршка од 15,1% (што е историски минимум за него). За разлика од него, Кирил Петков има рејтинг од 33,8%, со што меѓу политичарите е со најголема доверба. На врвот е Румен Радев, кој ужива доверба од 65,5% од анкетираните овој месец.

Во однос на излезеноста, анкетата на „Галуп“ покажува дека 47,1% од анкетираните се изјасниле дека сигурно ќе гласаат на парламентарните избори, 23,8% веројатно би гласале, но сепак не можат со сигурност да кажат. Ова во бројки би значело дека повеќе од 3 милиони Бугари најверојатно ќе гласаат, а во анкетата не се вклучени гласовите од странство.

Ова е втора анкета во изминатиот краток период која покажува дека ГЕРБ ужива најголема доверба кај граѓаните. На претходната анкета „Има таков народ“ на Слави Трифонов беше трета, а на оваа е четврта политичка партија.

Претседателот Радев ги закажа претседателските и парламентарните избори за 14 ноември откако по парламентарните избори во јули пропаднаа трите обиди за формирање влада.

Вчера Радев повторно го назначи пензионираниот генерал Стефан Јанев (61) за премиер на техничката влада, која е втора по ред.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img