Monday, October 25, 2021
HomeАвстралијаВо екот на дипломатската криза со Австралија, Париз со одмазда кон Берн

Во екот на дипломатската криза со Австралија, Париз со одмазда кон Берн

Откако сојузниците од АУКУС за набавката на подморниците и свртеа грб на Франција, сега Париз отвори нов фронт со Берн, откако Швајцарија наместо француски, реши да купи американски авиони. Дали најавениот телефонски разговор Макрон – Бајден ќе биде доволно силен дипломатски потег за да се смират „фигурите на шаховската табла“ во Азиско-пацифчкиот регион.

Неколку дена по избивањето на тензиите меѓу Франција и САД, откако Австралија наеднаш се откажа од договорот тежок 66 милијарди долари за набавка на подморници на нуклеарен погон од Франција, пристигнаа најави од Елисејската палата дека се прават напори за надминување на дипломатскиот скандал. Францускиот претседател Макрон наредните денови ќе разговара со својот американски колега Бајден, првпат по избивањето на кризата, информираше портпаролот на француската влада. Бајден побара телефонски разговор, рече Атал.

Минатата недела Бајден го откри новиот сојуз со Австралија и Велика Британија, по што Франција ги повлече своите дипломати од Канбера и Вашингтон. Но, смета дека е непотребно отповикувањето на амбасадорот од Лондон со ироничен тон кон „постојаниот опортунизам“ на Британија, која во ситуацијата е „третото тркало“ на велосипедот.

Во екот на дипломатската криза со Австралија, Франција ја откажа официјалната посета на претседателот на Швајцарската конфедерација, откако Швајцарија во јуни реши да купи американски авиони Ф-35 за да ја обнови својата воено воздухопловна флота, наместо францускиот „Рафал“. Швајцарските медиуми објавуваат дека Ги Пармелин, претседателот на Швајцарската конфедерација, нема да допатува во Париз во ноември на официјална посета на Елисејската палата. Тие сметаат дека тоа е одмаздата на Париз кон Берн.

Франција е веќе во длабока дипломатска криза. Австралискиот премиер Морисон вели дека го разбира нивното разочарување но, тој ги штител државните интереси.

САД нема само да седат и да и овозможат на Кина да се пробие на Пацификот, велат познавачите на состојбите. Најважна работа во односите со Кина е зајакнување на сојузите.

Со формирањето на трилатералната безбедносна алијанса АУКУС веќе не важи договорот, кој беше потпишан во 2016 година, а  вклучуваше купување на 12 подморници, со што Франција изгуби зделка вредна 66 милијарди евра. Сега се надева дека ќе издејствува одредена надокнада на загубата, бидејќи во договорот постојат одреден број на клаузули, кои го одредуваат тоа.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img