Monday, October 25, 2021
HomeСпортАнри ја смирува тензијата: Не сум изненаден што Меси излезе од игра

Анри ја смирува тензијата: Не сум изненаден што Меси излезе од игра

Лионел Меси се најде во центарот на вниманието по синоќешниот натпревар меѓу ПСЖ и Лион.

ПСЖ на свој терен по пресврт успеа да го совлада Лион со 2:1, а херој на „Светците“ беше Мауро Икарди кој постигна погодок за победа во втората минута од судиското надополнување.

Меѓутоа, во центарот на вниманието по мечот се најде Лео Меси кој синоќа го одигра првиот меч на „Паркот на принцовите“ откако го засили ПСЖ.

Во првото полувреме Меси имаше две одлични шанси, но не успеа да постигне гол. Во продолжението Меси не се истакнуваше премногу, а Покетино одлучи да го извади од игра во 76 минута.

Тоа го изненади Меси кој му се налути на тренерот и дури одби и да се ракува со Покетино додека одеше кон клупата за резерви.

За ова зборувуаше и неговиот некогашен соиграч од Барселона, Тиери Анри, кој порача дека не бил изненаден што Меси синоќа излегол од игра пред завршувањето на натпреварот.

„Замената на Меси? Изненаден? Па, и не баш. Тоа не беше изненадување за мене. Можеби тој не сакаше да излезе од игра или не знам што си рекле еден на друг, но не треба да почнеме некоја контроверза. И на најдобриот играч на светот му треба време да се адаптира на новиот тим“, изјави Анри.

Меси одигра три натпревари во дресот на ПСЖ од доаѓањето од Барселона и се уште не успеа да постигне погодок.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img