Monday, October 25, 2021
HomeЗдравјеФДА одобри бустер доза од вакцината на „Фајзер“ за лица над 65...

ФДА одобри бустер доза од вакцината на „Фајзер“ за лица над 65 годишна возраст

Американската управа за храна и лекови (ФДА) ја одобри дополнителната доза на вакцина против ковид-19 на „Фајзер“ и „Бајонтек“ за лицата во САД кои се повозрасни од 65 години и за граѓаните кои се соочуваат со поголем ризик од вирусот.

Третата доза или т.н. бустер доза ќе се дава најмалку шест месеци по ревакцинацијата, а дозволата се однесува на луѓе кои се кои се најподложни на тешки форми на болеста и оние кои се изложени на коронавирусот на нивните работни места.

Советодавниот одбор на Центрите за контрола и превенција на болести во САД (ЦДЦ), би можел во текот на денешниот ден да гласа за употреба на третата доза на вакцина, изјави официјално лице на агенцијата.

Претседателот Џо Бајден уште во август најави дека неговата администрација од оваа недела планира да почне со давање на дополнителни дози на Американците над 16 годишна возраст, доколку добие одобрение од ФДА и ЦДЦ.

Советниците на ФДА во петокот изгласаа препорака за бустер доза за повозрасните Американци од 65 години и оние кои се соочуваат со поголем ризик од сериозна форма на болеста, меѓутоа со убедливо мнозинство ја отфрлија иницијативата за давање на дополнителна доза на општата популација.

Комисијата заклучи оти нема доволно докази да поддржи давање на бустер доза на лица над 16 години и побара допопнителни податоци за безбедноста.

Највисоките членови на ФДА имаат поделени ставови за потребата од бустер доза на општата популација. Директорката на агенцијата, Џенет Вудкок се залага за дополнителни дози, додека некои од најугледните научници во ФДА тврдат дека сегашните докази не поддржуваат такво нешто.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img