Monday, October 25, 2021
HomeСпортРеал пред три дена даде шест гола, денеска остана на нула

Реал пред три дена даде шест гола, денеска остана на нула

Првпат оваа сезона, најефикасниот тим во Ла Лига не успеа да постигне гол во шпанското првенство и со тоа ја пропушти можноста дополнително да се одлепи од конкурентите за титулата.

На домашен терен, Реал одигра 0-0 со Виљареал, а се чини дека со овој резултат можат да бидат посреќни домаќините. Причина за тоа е пропуштениот зицер на Пако Алкасер во 57. минута кој можеби ќе му го донесеше целиот плен на Виљареал на овој меч. Шанса имаше и Дабнајума во 13. минута, но тогаш Куртоа одлично реагираше и спречи рано водство.

На своето ниво не беше убиствениот двоец Бензема-Винисиус кој ја предводи листата на стрелци во Ла Лига. Реал не успеа да создаде доволно шанси, делуваше уморно по онаа шестка против Мајорка, па победа ќе мора да бара во следните натпревари од шампионатот.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img