Monday, October 25, 2021
HomeПопуларноТалибанците јавно обесија тела на четворица мажи: „Никој повеќе нема да се...

Талибанците јавно обесија тела на четворица мажи: „Никој повеќе нема да се осмели на такво злосторство“

Талибанците на јавни плоштади обесија на кранови тела на четворица мажи, тврдејќи дека станува збор за грабнувачи од различни делови на градот Херат на западот на Авганистан.

Талибанскиот заменик гувернер на покраината Мавлави Шир Ахмад Амар кажа дека мажите се убиени во директни судири со талибанските борци откако грабнале трговец и неговиот син кои потоа биле спасени.

„Нивните тела се обесени на градските плоштади како пример за останатите грабнувачи. Обесени се за никој повеќе да не се осмели на такво злосторство“, кажа Амар.

Во снимката објавена на социјалните мрежи се гледа со крв натопено тело на маж во ланци обесено на кран на главниот плоштад во Херат. Се гледаат и жители кои со мобилни телефони ја снимаат крвавата сцена.

За време на владеењето на талибанскиот режим на крајот на деведесеттите, екстремистичката група беше позната по тоа што злосторствата ги казнуваше со јавни камшикувања, каменување со смрт и ампутирање екстремитети.

Групата минатиот месец повторно ја презема власта во Авганистан, по повлекувањето на американските трупи. Од тогаш жителите на Авганистан и владите на земјите низ светот следат дали милитантните исламисти овој пат поумерено ќе владеат, иако засега има малку назнаки за тоа.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img