Monday, October 25, 2021
HomeМакедонијаВМРО-ДПМНЕ го опомена Заев да ја почитува Резолуцијата која го третира спорот...

ВМРО-ДПМНЕ го опомена Заев да ја почитува Резолуцијата која го третира спорот со Бугарија

Според опозициската партија, изјавите на премиерот во врска со спорот со Бугарија се обид да се дефокусира вниманието од трагедијата во Тетово
ВМРО-ДПМНЕ го повикува премиерот Зоран Заев да ја почитува Резолуцијата за македонските државни позиции во однос на блокадите на европските интеграции на земјава, по неговите последни изјави во врска со спорот со Бугарија.

„Не очекуваме ништо повеќе од тоа Заев да ја почитува Резолуцијата што ВМРО-ДПМНЕ ја предложи во Собранието, а ја поддржаа сите партии, вклучувајќи го и СДСМ. А се друго што кажува Заев, а е поврзано со прашањето со Бугарија, има за цел да го дефокусира вниманието на јавноста од 14 изгорени луѓе, за што истрагата ја попречува токму власта. Ниту една друга екскурзија на Заев не смее да ја попречи истрагата“,

Велат од ВМРО-ДПМНЕ, во реакција по денешната изјава на Заев во врска со најавите за бришењ на терминот „бугарски“ онаму каде што, во учебниците и на спомениците, стои заедно со „фашистистички окупатор“,
Според опозициската партија, Заев наместо да зборува за историја, „која најверојатно не ја ни учел, бидејќи имал по три часа, нека почне со одговорноста на Илир Хасани и на Венко Филипче за тоа како живи изгореа 14 луѓе“.

Заев денеска, во врска со бугарските прекршувања на членот два од Договорот за добрососедство изајви дека на нас е да одлучиме дали ќе живееме уште 27 години во блокада, како со Грција, или ќе се носат мудри одлуки.

Кон крајот на јули, Собранието усвои Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции. Резолуцијата ја предложи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а за неа гласаа 95 пратеници. Претходно, пратениците го поддржаа амандманот на СДСМ – во предлог-резолуцијата да се внесе уставното име на државата – Република Македонија.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img