Tuesday, January 25, 2022
HomeСпортКејн го немаше никаде два месеца, а вечерва се запиша во историјата...

Кејн го немаше никаде два месеца, а вечерва се запиша во историјата на фудбалот!

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн имаше катастрофален почеток на новата сезона, делумно предизвикан од неговата голема желба во текот на летото да се пресели во Манчестер Сити.

За два месеца не успеа да постигне гол или да асистира на соиграчите во Премиер лигата, но сето тоа се смени вечерва. Капитенот на англиската репрезентација стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал хет-трик во новоформираната Конференциска лига, која стартуваше оваа сезона. Интересно е тоа што Кејн влезе во игра во 59. минута од натпреварот со Мура (победа на Тотенхем со 5-1), а головите ги постигна во 68., 76. и 87. минута.

Неговиот успех дополнително добива на тежина поради тоа што Кејн сега е прв и единствен фудбалер кој постигнал барем по еден хет-трик во сите три натпреварувања на УЕФА: Лигата на шампионите, Лигата Европа и Конференциската лига.
- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img