Monday, October 25, 2021
HomeАвстралијаМосква: Пактот на Австралија, Британија и САД е предизвик за неширењето на...

Москва: Пактот на Австралија, Британија и САД е предизвик за неширењето на нуклеарното оружје

Русија денес соопшти дека е загрижена бидејќи воениот пакт Аукус меѓу Австралија, Британија и САД ќе ѝ овозможи на Австралија да влезе во малата група држави кои имаат подморници на нуклеарен погон.

Тристраниот пакт, според кој Австралија ќе набави нуклеарни подморници од САД, ја разгневи Франција и ја загрижи Кина откако договорот минатиот месец го објавија Вашингтон, Лондон и Канбера.

Заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков кажа дека Русија ова го гледа како предизвик за глобалното неширење на нуклеарното оружје.

„Загрижени сме и поради партнерството кое на Австралија, по 18 месеци консултации и неколку години обидување, ќе ѝ овозможи да добие подморници на нуклеарен погон“, кажа Рјабков.

Во моментов само САД, Русија, Франција и Кина имаат подморници на нуклеарен погон. Британија оваа технологија ја дoбива од САД.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img