Monday, January 17, 2022
HomeСветКалифорнија воведува задолжителна вакцинација за учениците

Калифорнија воведува задолжителна вакцинација за учениците

Калифорнија ќе биде првата американска држава што воведува задолжителна вакцинација на учениците против ковид-19, најрано од јануари, објави гувернерот Гевин Њусом.

Сепак, Њусом рече дека Управата за храна и лекови (ФДА) мора прво да одобри постојана дозвола за употреба на вакцината на различни возрасти, објави Гласот на Америка.

ФДА даде целосно одобрување за употреба на вакцините против ковид-19 кај луѓе постари од 16 години, додека итна употреба е одобрена за тинејџери на возраст од 12 до 15 години. На 26 октомври, администрацијата ќе ја разгледа употребата на вакцината Фајзер кај деца на возраст од пет до 11 години.

Во неколку големи училишни области во Калифорнија веќе е воведена задолжителна вакцинација на одделни ученици.

Во обединетата училишна област Лос Анџелес, најголема во земјата, имунизацијата на деца постари од 12 години е задолжителна, имајќи предвид дека за таа возраст е одобрена итна употреба на вакцината Фајзер.

Според новата мерка, која ја најави Њус, ковид-19 ќе биде на листата на болести против кои децата ќе мора да се вакцинираат за да посетуваат државни или приватни училишта.

Здравствените власти велат дека строгите мерки за контрола на ковид помогнале да се забави ширењето на вирусот во Калифорнија во последните недели.

Во меѓувреме, бројот на смртните случаи од коронавирусот во Соединетите Држави надмина 700.000, според податоците објавени синоќа од Универзитетот Џонс Хопкинс.

Во просек, дневно се евидентираат повеќе од 2.000 смртни случаи, а Америка сѐ уште е прва во светот по бројот на заразени и жртви.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img