Wednesday, December 1, 2021
HomeМакедонијаДА НЕ СЕ ЗАКОПАМЕ ВО МИНАТОТО: Јанев најавува нова динамика во разговорите

ДА НЕ СЕ ЗАКОПАМЕ ВО МИНАТОТО: Јанев најавува нова динамика во разговорите

Од бугарска страна има најави за поинтензивни разговори во периодот кој следи.

По изборите во Македонија и Бугарија, дијалогот ќе добие поинакво значење, вели бугарскиот премиер Стефан Јанев, во изјава за БНТ. Објаснува дека дека не треба „да се закопаме во минатото, туку да бараме решение во иднината.”

Јаев додава дека во однос на Македонија, Владата во Софија има намера да го продолжи курсот што досега го водеше, односно да го заштити бугарскиот национален интерес на најдобар можен начин.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, тој рече дека бугарскиот национален интерес е поврзан и со интересот на другите нации во ЕУ.

„Бугарија сака нормален дијалог, сака да го запре јазикот на омразата, како и воспитувањето за омраза кон Бугарија“, кажа Јанев.

Според него, по крајот на октомври и ноември, кога има избори во Македонија и Бугарија, дијалогот ќе добие нова смисла.

Доколку Бугарија не ја тргне блокадата, земјава не може да ги почне преговорите со ЕУ. Грција кажа дека не се сложува со блокадата на Бугарија.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img