Tuesday, January 25, 2022
HomeСпортРеал има проблем, мора да го реши што побрзо

Реал има проблем, мора да го реши што побрзо

Реал Мадрид е лидер на табелата во шпанското првенство, но последната недела, односно последните три натпревари не беа идеални за „кралскиот клуб“.

Најтрофејниот шпански тим ремизираше со Виљареал, па загуби од Шериф и Еспањол и тотално го уништи впечатокот од претходниот дел од сезоната. На оваа тема се огласи и поранешниот фудбалер на Реал, Предраг Мијатовиќ кој предупреди на сите проблеми со кои се соочува клубот и тренерот Карло Анчелоти.

„Она што се случи протв Еспањол е недозволиво. Тоа е целосен хаос, можеа да ни дадат пет гола. Анчелоти мора итно да ги исправи работите за кои не може да најде клуч. Неорганизираност, слабост и ранливост се трите епитети кои најдобро ја опишуваат одбраната на Реал и мислам дека екипата е во мошне комплицирана ситуација“, изјави Мијатовиќ.
На хаос во одбраната можеше да се претпостави уште летоска кога екипата ја напушти капитенот и столбот Серхио Рамос, по 16 години поминати во клубот.
- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img