Monday, October 25, 2021
HomeМакедонијаЗаев очекува силна порака за ЕУ перспектива – за преговорите со Бугарија...

Заев очекува силна порака за ЕУ перспектива – за преговорите со Бугарија очекува позитивен исход по изборите

Самитот на Западен Балкан треба да донесе јасна и чиста порака дека земјите од регионов треба да бидат дел од Европската унија. Ова се очекувањата на премиерот Заев во пресрет на одржувањето на Самитот закажан во среда во Брдо кај Крањ на лидерите на Европската унија и Западен Балкан. Словенија која до декември е претседавач со Унијата побара сите земји од Западен Балкан до 2030 година да бидат примени во Европската унија, што предизвика големи реакции во Брисел.

„Тоа што го очекувам од ЕУ-Самитот за Западен Балкан е јасна и чиста порака дека местото на Западен Балкан е во Европската унија и дека за тоа е подготвена Европската унија, секако согласно сите чекори кои соодветно секоја земја треба да ги направи. На овој Самит не се носат одлуки од аспект на отворање на поглавја, први Меѓувладини конференции или за отворање на поглавја за земјите кои што преговараат“, истакна Зоран Заев.

Но што станува со преговорите со Бугарија и блокадата од нејзината страна за отворањето на преговорите на земјава со Европската унија. И покрај изјавата на бугарскиот премиер Стефан Јанев дека и по завршувањето на изборите ќе се следи досегашниот курс во однос на Македонија и дека ќе се штитат националните интереси на Бугарија, Заев и натаму е оптимист дека решение ќе се најде. Периодов максимално ќе биде искористен за постигнување договор, рече Заев и наведе три аспекти на кои го темели неговиот оптимизам.

„Имаме позитивно придвижување во разговорите меѓу претставниците на Министерствата за надворешни работи, но тоа е само позитивно придвижување, се надевам дека периодот октомври, ноември и декември ќе биде максимално искористен за работа и посветеност од позитивен аспект за изнаоѓање решение. Трето е драфтираната верзија што се подготвува на европскиот Самит за Западен Балкан за сериозната фокусираност и посветеност на Европската унија за продолжување на процесот за интеграциите на Западен Балкан“, додава Заев.

Инаку, Самитот на Европската унија во Словенија се одржува откако минатата недела агенцијата Ројтерс повикувајќи се на дипломатски извори на ЕУ објави дека Унијата веќе не може да се усогласи да даде гаранција за идно членство на балканските земји. Еврокомесарката Фон Дер Лајен која беше во посета на Македонија и земјите од регионот ги негираше ваквите наводи и истакна дека и нејзината посета е експлицитна порака за европската перспектива на регионот.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img