Monday, October 25, 2021
HomeАвстралија(ВИДЕО) Стефан Ѓоргиевски ја брани честа на Македонците од Австралија во Македонија

(ВИДЕО) Стефан Ѓоргиевски ја брани честа на Македонците од Австралија во Македонија

Контраверзии околу кандидатурата на Стефан Ѓоргиевски за советник во општина Битола со поделени позитивни и негативни коментари на социјалните мрежи во Австралија.

Деновиве во Република Македонија се одвиваат предизборни кампањи каде меѓу кандидатите за советници се најде и името на единствениот Македонец од Австралија кој моментално живее во Македонија, Стефан Ѓоргиевски.

Стефан Ѓоргиевски е прв на листата ИНТЕГРА – Македонска Конзервативна Партија и тој јавно настапи во Битола и се изјасни кои се неговите планови доколку Битолчани го изгласаат за советник.

Меѓу другото, јавно кажа „дека доаѓа од најубавиот град во светот, Мелбурн и ветува дека доколку биде изгласан за советник ќе донесе 200 бизнисмени од Австралија да инвестираат во Македонија“.

Стефан Ѓоргиевски кој во јавноста е познат по долгогодишното менаџерско место во фудбалскиот клуб Престон Македонија (сегашен Престон Лајонс) во време кога тие се натпреваруваа во националната лига на Австралија и бележеше најголеми успеси од постоењето на клубот.

Во негово време клубот Престон Македонија во Австралија ги доведе најголемите музички ѕвезди како што се Гоце Николовски, Ранко Рангелов, Блада Петревска, Наум Петревски, Адријана и Ирена и многу други ѕвезди.

Стефан Ѓоргиевски има долгогодишно искуство како маркетин менаџер во двата Македонски весници „Today – Денес“ и „Австралиско-Македонски Неделник“ и како спортски радио коментатор во државното радио SBS и на други радо станици во Мелбурн и Сиднеј.

Ние денес стапивме во контакт со Стефан Ѓоргиевски по повод неговата кандидатура за носител на листа, а тој притоа ни се пожали на негативните реакции од нашиници во Австралија. Имено г-динот Ѓоргиевски рече дека е непријатно изненаден од коментарите на поединци од Македонската заедница, и рече дека според него тоа се луѓе за кои е непотребно да се спушта на ниво како нив да коментира на социјалните мрежи затоа што со такви постапки ќе продолжи поделбата помеѓу нас Македонците во Австралија.“

„Јас за прв пат во животот влегувам во политичка кампања и ке се срамам доколку добијам 13 гласови како оние што ме критикува во Австралија, останува времето да покаже дали ја зборувам вистината“. рече Ѓоргиевски

„Јас дојдов во Македонија, јас инвестирав во Македонија, јас сум авторитетен човек и моите познанства и пријателства преку моето работно искуство ќе ги пренесам во општина Битола доколку бидам избран за советник и со сигурност ќе се залагам она што јавно го ветувам да го исполнам дека сум човек од збор дека ќе ги донесам тие 200 бизнисмени од Австралија во мојот роден крај, Битола“, додаде Ѓоргиевски.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img