Monday, October 25, 2021
HomeМакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Одговорност мора да има, не може за 14 живи изгорени луѓе...

ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност мора да има, не може за 14 живи изгорени луѓе кабелот да биде виновен

Четири недели Заев молчеше. Четири недели се переа од одговорност. Четири недели му требаа на Заев да смисли како да го спаси Филипче и на крај го обвини кабелот за 14 живи изгорени луѓе. За на крај да утврдат дека никој не е виновен, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дури и да се земе како точна тезата на Заев дека кабелот е причината за пожарот, Филипче и Хасани носат одговорност зошто употребиле високо запалив материјал од таканаречени ПУР панели, а не вградиле ПИР панели. Филипче и Хасани со вградување на ПУР панели во болницата и пресудиле уште кога ја поставиле.

Болницата изгоре, беше целосно пеплосана за 3 минути, а тоа не е време ниту за кое може еден човек да се евакуира, а не пак 14 луѓе.

Филипче и Хасани носат одговорност и зошто во тетовската болница не е искористен објектот на два спрата во рамки на болницата кој е од цврста градба и е празен, а сѐ што требало е да се опреми со медицинска опрема и да биде спремен за пациенти, таму ниту ќе дошло до краток спој, ниту ќе изгорел објектот како чкорче кибрит. Филипче и Хасани се виновни по сите основи, и оставката е најмалку што можат да направат.

Исто така очекуваме ЈО да не ги следи во линија тезите на Заев и да преземе активности кон првите луѓе во министерството. Не смее 14 луѓе живи да горат, а за тоа никој да не е виновен. Одговорност мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img