Monday, October 25, 2021
HomeСпортФИФА го одложи Светското клупско првенство?

ФИФА го одложи Светското клупско првенство?

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) планира да го помести Светското клупско првенство на почетокот на следната година поради предизвиците со кои се соочува поради пандемијата.

Јапонија се откажа од домaќинството во почетокот на септември поради пандемија и воведе ограничувања за турнирот закажан за декември.

После тоа, Јужноафриканската Република се откажа од организацијата, а сега се размислува клупското првенство да се одигра во јануари или февруари 2022 година.

Катар е еден од кандидатите за организирање на турнирот. Да потсетиме, Светското клупско првенство, кое го освои Баерн, се одигра во Катар во февруари оваа година.

Исто така, Светското првенство ќе се одржи во оваа богата земја кон крајот на следната година.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img