Monday, October 25, 2021
HomeМакедонијаЗаев од Кочани: Со државни пари купуваа килими за белата палата, која...

Заев од Кочани: Со државни пари купуваа килими за белата палата, која е поголема од Инфективната клиника

Лидерот на СДСМ го обвини Христијан Мицкоски дека сака политички да профитира од несреќи, при што посочи на пожарите летото во Кочани
Лидерот на СДСМ Зоран Заев, на митинг во Кочани, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ, додека беше на власт, со државни пари купувала килими за новата партиска зграда, за која рече дека е поголема од Инфективната клиника.

„Слушнав дека и Мицкоси бил тука, дека кажал неколку збора и заминал. Рекол дека сме газеле по црвени килими и сме седеле на фотелјите, ама на нив седел Груевски, а на истите седел и неговиот советник Мицкоски. Тие не се поразлични од оние во белата палата која е поголема од Инфективната клиника. Со милионски суми државни пари набавувале и за владата, па и за платата. Истите тие кои блокираат закони, плати, отписи на камати за долговите, клинички центар, се што е во интерес на граѓаните Мицко кочи“, рече Заев.

Тој го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека сака политички да профитира од несреќи, при што посочи на пожарите летото во Кочани.

„Уште не беше пристигнал во Кочани, побрза на Фејсбук да напише дека се борел против пожарите. А како се бореше? Исто како што се бореше против коронавирусот. Со сликања од мобилниот телефон, со пишувања објави на Фејсбук, со ширења лажни вести, додека сите водеа беспоштедна битка против огнот. А во меѓувреме, блокираат се во Собранието. Тоа ли Македонија за сите луѓе? Не, тоа што го нудат е Македонија за сите луѓе на режимот и на Груевски. Македонија заробена, поделена, осиромашена и задолжена,“ рече Заев.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img