Monday, October 25, 2021
HomeСпортРома не билa неговата единствена љубов – Тоти откри за кој клуб...

Рома не билa неговата единствена љубов – Тоти откри за кој клуб сонувал

Легендата на Рома, Франческо Тоти, откри интересни детали од неговото детство, за британскиот таблоид Гардијан.

Тој цела своја кариера ја посвети на Рома, клубот за кој знаеше да каже дека му е втора жена во животот. Одбиваше трансфер понуди од Интер, Милан, Јувентус и Реал Мадрид, останувајки доследен на Рома.

Неговото заминување од Рома не беше на највисоко ниво, а легендарната „десетка“ сега признава дека сепак како дете, размислувал да заигра за Милан, бидејки тој тим доминирал во Европа.

„Милан тогаш беше највозбудлива екипа во Европа која некогаш сум ја гледал, можеби и единствената екипа за која сонував да играм. Секогаш беше моја одлука каде ќе играм во кариерата. Иако бев доста млад, тогаш знаев каде ќе играм и тоа беше само Рома“, открива Тоти.

Поранешниот италијански репрезентативец исто така го прокоментира обидот на Реал да го ангажира во 2006 година.

„Се разбира дека размислував за нивната понуда, долго размислував, но искрено го послушав срцето и тоа ми рече да останам во Рома“.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img